Заев на Фејсбук објави дека СДСМ и ДПА ќе соработуваат и реципрочно ќе се поддржат во повеќе општини.
„Со претседателот на ДПА, Мендух Тачи договоривме соработка за локалните избори. СДСМ и ДПА реципрочно ќе соработуваат и ќе се поддржат во повеќе општини, со цел за граѓаните да ги обезбедиме најдобрите градоначалници и советници на кои служењето на народот им се главна цел и определба. Во некои општини соработката ќе ја реализираме во прв круг, а во други општини во втор круг. СДСМ продолжува да ја гради и развива најголемата и најдобра коалиција за локалните избори во октомври“, напиша Заев на Фејсбук.






