среда, 6 мај 2026

Заев и Реџепи се уверени дека ќе има стабилно демократско мнозинство во Парламентот

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти владината служба, на средбата двајцата нагласиле дека „во последните години државата и народот направија големи чекори за обезбедување сигурна и безбедна иднина“, и изразиле уверување дека народната волја за мирно и заедничко живеење во Македонија и натаму ќе биде изразена преку стабилно демократско мнозинство во Парламентот.

„Двајцата соговорници се согласни дека односите меѓу Македонците, Албанците и сите други етнички заедници во Северна Македонија се братски, пријателски и другарски и дека сите политички чинители имаат и обврска и одговорност овие односи да ги негуваат и унапредуваат“, се наведува во соопштението.

На средбата исто така биле изнесени очекувања за конечно исполнување на ветувањата од страна на Европската Унија и за одржување на првата меѓувладина конференција со Македонија, со што би започнале преговорите за членство на нашата земја во ЕУ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ