Коалицијата бара еднаков третман за лицата со попреченост, пристапни детски игралишта, пристапен паркинг, пристапност за лица со оштетен слух, пристапни јавни тоалети, пешачки патеки и пешачки премини, пристапни објекти однадвор и одвнатре, како и пристапен јавен транспорт.
Потсетува и дека „Агенда2030″ вклучува стратегија и методологија за задоволување на основните потреби за лицата со попреченост и обезбедување услови за нивно активно вклучување во сите сфери на општеството, како на локално така и на национално ниво.






