Владата ја донесе одлуката со цел да нема застој во работењето на двете општини за да можат граѓаните непречено да ги добиваат своите услуги.
Во првиот круг на локалните избори немаше доволна излезност на гласачите во двете општини, односно таа беше под законски пропишаните 33 проценти од запишаните избирачи. Во Центар Жупа излегле да гласаат 25,6 проценти од гласачкото тело, а во Маврово-Ростуше излезноста беше 31 процент.
Голем дел од населението во овие општини се на работа во Италија и во Германија, како и во други европски земји. Економската криза, ковид-пандемијата, стравот да не се загубат работните места и загрозената егзистенција, овој пат беа причина што изостана вообичаениот бран на враќање во родните села за да се гласа.






