четврток, 23 април 2026

Владата го демантира Ахмети: Не е разговарано за промена на знаме, грб или химна на државата

Објавено на

часот

Сподели

„Во изјавата на г. Ахмети не забележавме дека тој изјави дека наводно било разговарано со премиерот Заев или со било кој друг претставник на политичките субјекти во власта. Сметаме дека државата треба да се фокусира со сите свои капацитети на политиките кои носат развој,  економија и повеќе пари за граѓаните. Владата ќе продолжи на тој пат“, потенцираат од Владата.

Ахмети во интервју за ТВ Клан, како што пренесоа дел од медиумите,  вели дека „се разговарало и за химната и за грбот и за знамето, како и дека овие се прашања за кои е потребен консензус, но ова повеќе ќе зависи од договор помеѓу Македонците”.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ