
„Со цел креирање на ефикасни мерки и дополнување на Планот за борба против корупција, денеска од страна на Кабинетот на вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, се објави Јавeн повик до невладини организации во Република Северна Македонија кои работат во областа на спречување на корупцијата и криминалот. Преку овој повик, се повикуваат невладините организации кои работата во оваа област да достават свои предлози за креирање на мерки и политики за борба против корупцијата и криминалот“, соопшти владината прес-служба.
Доставените предлози, како што стои во соопштението, треба да содржат конкретни препораки и образложение за истите, конкретни активности за спроведување на препораките, надлежни институции за спроведување на активностите, предлог рок за исполнување на активностите. Предлозите треба да се достават на следната е-пошта: [email protected] најдоцна до 26.11.2021 година (петок) до 12 часот.






