„Семејната зграда којашто ја гради Петре Шилегов е во урбанистичка четврт за којашто нема валидна основа за толкава градба, цели два ката над дозволеното.
Шилегов со урбанистичкото дивеење го обезвреднува имотот на своите соседи, но и чесната работа на чесните градители!
Доколку Шилегов за 24 часа не покаже дозвола за градба, за реновирање или за надградба, соодветна на делото, одговорност мора да понесе општина Карпош, но и државниот инспекторат за урбанизам, кој што е надреден врз општинскиот молк.
Не смее да се дозволи вакво узурпирање на моќ, ваква злоупотреба, вакво дивеење и насилство од еден градоначалник на Скопје, па било тоа и да е
Петре Шилегов!
Бегањето и криењето на Петре Шилегов не доликува на скопски градоначалник, туку на криминалец фатен на дело“, порача Стоилковски.






