Како што соопшти бугарското МНР, на средбите со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји и со министерот за надворешни работи, ЕУ и за соработка на Шпанија, Хозе Мануел Албарез Буено, Стоев ги нагласил „проактивните напори од Бугарија во последните месеци за решавање на отворените прашања со Скопје, со цел да се гарантираат правата на граѓаните со бугарски идентитет и спроведувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година”.
„Очекуваме јасни гаранции од Република Северна Македонија за тоа”, изјавил Стоев.






