среда, 6 мај 2026

Сочувство од Радев: Во ова тешко време, Бугарија и Северна Македонија делат заедничка тага, солидарност и емпатија

Објавено на

часот

Сподели

Во име на бугарскиот народ и во свое име, претседателот Румен Радев изрази искрено сочувство до семејствата и роднините на загинатите граѓани на Република Северна Македонија, како и надеж за брзо закрепнување на жртвите од катастрофата. Во ова тешко време, Бугарија и Република Северна Македонија делат заедничка тага, солидарност и емпатија. Десетиците изгубени животи се непростлива загуба за нашите братски земји“, наведува Румен Радев.

Шефот на бугарската држава ги повика одговорните институции да ги утврдат причините кои довеле до тешката сообраќајна несреќа, како и да им дадат навремена поддршка на преживеаните во несреќата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ