„Согласно Одлуката на Владата за тридневна жалост во знак на почит кон жртвите од трагичната сообраќајна несреќа што се случи во Република Бугарија, во која животот го изгубија повеќе наши државјани, сите амбасади и мисии во странство ги спуштија знамињата на половина копје за времетраење на деновите на жалост“, пишува на Фејсбук страната на МНР.
Истовремено, од МНР додаваат дека сите наши амбасади и мисии имаат отворено книги на жалост, а сите закажани настани, приеми и промоции во рамките на нашите дипломатско-конзуларни претставништва во деновите на жалост се откажани.






