четврток, 30 април 2026

СДСМ објави јавен повик за самокандидирање на кандидати за градоначалници

Објавено на

часот

Сподели

Повикот, како што информираше Попов, со сите детали е достапен на веб страната на СДСМ уште од денеска а од утре излегува и оглас во печатените медиуми на македонски и албански јазик.

„Отворени сме за сите кои имаат желба да се вградат во напредокот, да придонесат, да бидат дел од најдоброто. Со висок углед и кредибилитет во локалната заедница и регионот на живеење, кои имаат поддршка од сите етнички заедници, кои ги почитуваат принципите и вредностите едно општество за сите граѓани и во целост ги почитуваат начелата и принципите на кои се темели СДСМ“, рече Попов.

Според него, дел од новитетите е што од секој кандидат бараат да достави и детална програма со предлог идеи и проекти за развој на општината или Град Скопје за периодот 2021-2025 година, и изјава за прифаќање и почитување на Етичкиот кодекс на СДСМ.

„Во СДСМ како демократска, отворена, инклузивна партија има натпревар на идеи и програми. Низ транспарентен, демократски процес заедно да дојдеме до најдобрите кандидати, најдоброто за секоја општина. Заедно ќе спроведеме евалуација, ќе следуваат и истражувања на јавното мислење за да се провери и рејтингот на кандидатите кои ќе влезат во потесен круг“, најави Попов.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ