среда, 6 мај 2026

СДСМ го повикува Мицкоски да поднесе оставка, изјави Кузеска

Објавено на

часот

Сподели

„Соочен со пораз на неговите невистини, Христијан Мицкоски треба да излезе пред граѓаните, да се извини и да поднесе оставка. Со денови Мицкоски го лажеше народот дека има ново мнозинство, дека има 61 глас за недоверба на Владата. За пуста власт по секоја цена, седна на маса со оние коишто се против НАТО, против ЕУ, против Преспа, против добрососедските односи, против Рамковниот договор. Без било какви приниципи посакуваше дестабилизација, криза, враќање назад, рушење на постигнатото во однос на стратешките интереси на земјата“, рече Кузеска.

Таа оцени дека наместо Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да се засрамат и извинат, продолжуваат да шират невистини за, како што рече Кузеска, наводно киднапирање на пратеник.

„И тоа во време кога истиот тој пратеник јавно објави дека бил под закани токму од опозицијата. Оние кои со меници држеа пратеници денеска полна им е устата со невистини. Затоа оставка. Срам е да не се извиниш за сите лаги и да не поднесеш оставка“, нагласи портпаролката и додаде дека вчерашната собраниска седница потврди дека „мнозинството пратеници се за напредок, за задржување на вистинскиот пат, за продолжување на европските интеграции, за добри односи со соседите и стабилни меѓуетнички односи, за економска сигурност“.

Кузеска на крајот заклучи дека „деструктивните антизападни сили се поразени“ и дека е обезбедена стабилност на државата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ