среда, 6 мај 2026

Роднините на настраданите чекаат информации пред болницата во Софија

Објавено на

часот

Сподели

Во болницата „Пирогов” се сместени седумтемина повредени во сообраќајната несреќа. Шестмина од нив се со изгореници, а едно лице има скршеници. Најмладата пациентка е на 16 години, а останатите се на возраст од 40 до 50 години. 

Како што објави БТВ, роднините и блиските на настраданите изјавиле дека во Македонија никој не им давал никакви информации па затоа дошле во Софија, објаснувајќи дека ги бараат телата на згаинатите. 

„Јас сум роднина на седуммина од патниците. Оние кои што ги видов се во добра состојба, за другите не знам”, изјавил еден од роднините за бугарската телевизија. 

„Претстои обработка на раните, а можеби ќе треба и оперативни интервенции. Се што треба за граѓаните на Република Северна Македонија е направено”, изјавил директорот на болницата, Иван Поромански. 

Во болницата беа и министрите за здравство и за надворешни работи на двете земји, како и двајцата премиери. 

„Се договоривме да бидеме во контакт наредните денови за да знаеме каква им е состојбата на повредените и да знаеме, кога ќе дојде време, каде да ги префрлиме во македонските болници. Правилно се лекувани”, изјави министерот за здравство, Венко Филипче. 

 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ