петок, 1 мај 2026

Пендаровски: Јас сум за една изборна единица, без праг, помалите политички субјекти да не бидат приврзоци на големите партии

Објавено на

часот

Сподели

„Ние не можеме сосема и да сакаме да излеземе комплетно од таа матрица на пребројување по етничка припадност оти во нашиот Устав има одредба дека одредени права и статуси им припаѓаат и на оние немнозински заедници кои се најмалку 20 отсто од популацијата, така што тоа е одредба од Рамковниот договор, тоа е одредба од нашиот Устав, мораме да ја почитуваме, инаку се согласувам како што одминуваме, неодамна прославуваме 20 годишнина од Рамковниот договор, мислам дека пребројувањето само и само по етничката припадност треба да стане дел од историјата“, истакна Пендаровски.

Во врска со престојните локални избори и напливот на независни листи за советници и за кандидати за градоначалници, шефот на државата смета дека тоа е мал чекор кон демократизација на нашето општество.

„Диверзификацијата, разновидноста може само да ја обогати македонската демократија, не може да ја направи полоша. Мене ми е драго што тоа се случува, иако мислам дека во таа насока власта преку својата нормативна дејност во наредните месеци и години, заедно со опозицијата, бидејќи тие изборни законодавности се менуваат со целосен консензус, ќе мора да направи уште неколку исчекори, на пример една изборна единици, без праг, за да се овозможи и помалите политички субјекти да не бидат приврзоци на големите политички партии, туку да имаат една своја автономија и конечно да понудат нешто ново на политичкиот пазар“, додава шефот на државата.

Се осврна и на високата корупција, за која вели дека за жал станала начин на живеење и тука имаме прилично многу за домашна задача на домашната агенда.

„Во тој дел, а тоа го покажува и последниот извештај на Транспарентност, да бидете на 111 место во светот не е за фалење“, додава Пендаровски, а во врска со потпишувањето на Законот за изградба на автопати без тендер од страна на американско-турскиот конзорциум Бехтел и Енка, иако Државната комисија за спречување на корупцијата достави до Уставниот суд Иницијатива за оценување на уставноста на овој закон, Пендаровски вели дека негова надлежност не е да ја оценува уставноста на законите кои ги потпишува и оти тоа е работа само на Уставниот суд.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ