четврток, 30 април 2026

Пендаровски им оддаде почит на бранителите кои загинаа кај Карпалак

Објавено на

часот

Сподели

Претседателот Стево Пендаровски, денеска во Прилеп, присуствуваше на одбележувањето на 20-годишнината од загинувањето на армиските резервисти кај месноста Карпалак. Претседателот положи цвеќе пред комплексот „Карпалак” во центарот на градот и им оддаде почит на Горан Миновски, Сашо Китаноски, Веби Рушитоски, Бранко Секулоски, Љубе Грујоски, Нане Наумоски, Ердован Шабаноски, Марко Деспотоски, Пеце Секулоски и на Дарко Велјаноски.

Во соопштението се потсетува дека делегација од кабинетот на шефот на државата положи цвеќе и пред спомен-плочата кај месноста Карпалак на автопатот Тетово – Скопје, каде што на 8 август 2001 година животот го загубија десеттемина армиски резервисти од Прилеп.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ