среда, 6 мај 2026

Пендаровски: Да не се занимаваме со изјави од Бугарија додека таму не се формира влада и парламент

Објавено на

часот

Сподели

„Станува збор за изјави кои доаѓаат од која било страна, дали од техничкиот министер за надворешни работи или од кандидатите на претседателските избори или пак, од оние кои треба да ја формираат идната влада, а не знаеме дали ќе ја формираат. Тоа се изјави од луѓе кои или немаат целосен политички легитимитет или станува збор за кандидати кои допрва треба да бидат членови на владата или да формираат органи на власта во Софија“, рече Пендаровски одговарајќи на новинарско прашање како ги толкува изјавите и сигналите што доаѓаат од соседна Бугарија.

Пендаровски додаде дека прво би сакал да види со кого ќе имаме прилика да разговараме, не само на претседателско, туку и на ниво на Министерствот за надворешни работи, кое де факто ги води разговорите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ