
На Советот, како што соопштија од МНР, министрите ќе расправаат и за новиот Стратешки концепт на НАТО, како значаен документ во однос на идната геостратешка улога на Алијансата.
Од особено значење ќе биде дискусијата за стабилноста и просперитетот на Западен Балкан, каде се очекува да биде истакната потребата од заедничко, стратешко делување и пристап на НАТО и ЕУ кон Западен Балкан како основен предуслов за стабилноста и просперитетот на регионот.
На маргините на Советот во Рига, во агендата на Османи се предвидени и бројни билатерални средби со министри за надворешни работи на земјите-членки на НАТО.






