Како што е објавено на нејзниот Фејсбук профил, Нинова додава дека тие се отворени за дијалог за барање решение на прашањето за приклучување на Македонија кон ЕУ.
„Ние секогаш сме го поддржувале приклучувањето на Северна Македонија кон ЕУ. Го поддржавме Договорот за добрососедство, како и Декларацијата на Народното собрание. Поздравуваме дијалог на највисоко ниво, но не го одобруваме јазикот на омраза што го има во Северна Македонија кон Бугарија, дискриминација на луѓето кои таму се самоопределуваат како Бугари, како и искривувањето на историските факти и историската вистина“, вели Нинова.
Според неа, БСП како сестринска партија на СДСМ, го почитува пријателството, ама над него ги става Бугарија и бугарскиот национален интерес.
„затоа кажавме дека нашата позиција е непроменета. А тоа значи дека во овој момент не се исполнети условите за давање согласност од страна на Бугарија за почеток на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ“, додава Нинова.






