среда, 6 мај 2026

Николовски: Нема да бидам кандидат за премиерската функција

Објавено на

часот

Сподели

„Утрешните закажани состаноци во СДСМ предизвикуваат внимание. Се работи за најголемата политичка партија и организација што е демократска, модерна, во којашто и пред неколку месеци имаше непосреден избор за претседател на партијата, имаше само еден кандидат. И доколку сега се одлучи да се отворат истите постапки ќе имаме целосно отворена, транспарентна, демократска постапка која што во ниту една политичка партија ја нема и каде што секој кој ги исполнува условите ќе може да се кандидира. Јас не се гледам и нема да бидам еден од кандидатите“, рече Николовски, одговарајќи на прашањето дали се гледа како наследник на Зоран Заев на премиерската функција.

Лидерот на СДСМ и актуелен премиер Зоран Заев во петокот најави дека ќе побара од органите на партијата утре да биде биде свикан Централниот и Извршниот одбор за да се констатира неговата оставка и да почне постапката за избор на нов лидер. Идниот лидер, според Заев, би требало да биде и идниот мандатар кој ќе ја состави новата влада.

„Имплементацијата на електронскиот систем е-инспектор започнува со примена во трите клучни инспекторати – Државниот пазарен инспекторат, Државниот трудов инспекторат и Државниот управен инспекторат. Останатите инспекциски служби под надлежност на Инспекцискиот совет етапно ќе се приклучуваат на софтверот, така што сите 28 инспекторати ќе бидат електронски поврзани“, информира на денешната прес-конференција во Владата вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.

За ефикасна имплементација на надзорите и контролите, Николовски посочи дека веќе е обезбедена целосна опрема за овие три инспектори и се што е неопходно за дигитално спроведување на надзорите и контролите.

„Со овој систем се намалува човечкиот фактор и се елиминира субјективниот пристап на инспекциските надзори и контроли. Целокупниот процес од распределба на контрола, генерирање на записници од инспекциската контрола и самото издавање на решение на крајот ќе бидат електронски, со што човечкиот фактот ќе биде изземен“, изјави Николовски.

Инспекторот, посочи Николовски, нема да може сам да одлучува во кој фирма ќе врши надзор и одлуката ќе ја добива од софтвер, кој ќе ги рангира на фирми со високо, средно и ниско ниво на ризик.

„Ова е фер пристап, затоа што фирмите кои ги почитуваат законите и плаќаат данок, нема да бидат оптеретени со постојани редовни контроли, а оние кај кои претходно биле детектирани пропусти соодветно ќе се контролираат“, изјави Николовски.

Ова е механизам, нагласи Николовски, што ја праќа пораката дека нема недопирливи и не може да се избегне плаќање на данок, а истовремено системски се справува со корупцијата.

„Ова праќа порака дека се воведува ред, правичност, дисциплина, дека законот важи за сите, дека данокот мора секој да го плати, дека не може да има повластени, недопирливи. Законот мора да важи за сите“, изјави Николовски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ