Партијата Беса до локалните избори беше дел од владината коалиција, по што реши да се приклучи на новото собраниско мнозинство и да се потпише на иницијативата за гласање за доверба на Владата заедно со пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, Алтернатова и Левица.
Хоџа од 30 август 2020 година ја извршува функцијата министер за земјоделство, шумарство и водостопанство во вториот мандат на Владата предводена од премиерот Зоран Заев.






