среда, 6 мај 2026

Мециновиќ: Левица добива сила кога СДСМ истура бес врз работничката класа

Објавено на

часот

Сподели

Портпаролот оцени дека „мафијашката – владејачка гарнитура постојано ги користи државните инструменти за саботажа на поединци, движења и парти, но дека по последните политички настани, нагласи дека  мобилизирани се сите средства за „нечесно останување на власт“.

„Имено, мајката на наша кандидатка за советничка во Град Скопје, која од 2001 година во Фондот за здравствено осигурување работи како деловен секретар со статус на јавен службеник, со последната наредба потпишана од двата директори на Фондот – Стево Крстевски и Фатон Ахмети, таа се задолжува на работно место кое се предвидува за службеници со средно образование. Со оваа наредба, таа се деградира – и тоа, бидејќи нејзината ќерка на Фејсбук споделила статус на претседателот на Левица – Димитар Апасиев“, рече портпаролот Мециновиќ.

Според него, СДСМ и Левица се влезени во обратно пропорционален политички однос, и растот на Левица директно влијае на иднината на Социјалдемократскиот сојуз.

„Затоа, тие свесно водат немилосрдна битка која не бира средства, знаејќи дека исходот кој сите нас нѐ чека е конечна промена на рамнотежата во левиот политички блок. Како работничка партија – Левица уште повеќе добива елан кога номинално левата СДСМ својот бес го истура токму по работничката класа – која непогрешливо ќе покаже меѓусебна солидарност кон овие нечесни напади врз поединци”, рече Мециновиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ