петок, 1 мај 2026

КСС до премиерот: Зголемете им ги платите на административците, а не да им велите дека се корумпирани

Објавено на

часот

Сподели

„Премиерот упорно манипулира со јавноста, но воедно и со административните службеници кои што оваа власт ги става под големи притисоци, а со цел истите да бидат осудувани од самата јавност дека се корумпирани.

Самата корупција потекнува од избраниците на премиерот кои пак вршат политички притисок врз вработените во јавниот сектор. Корупцијата никогаш не може да се случува од доле па нагоре, туку обратно, бидејќи јавните набавки и тендерите се во рацете на функционерите кои се избрани од  Владата.

Немојте вработените во администрацијата да ги ставате во неповолна ситуација за вие да се извлечете, бидејќи тоа нема да ви помине. Впрочем, многу пати во минатото сме кажувале дека од 120.000 вработени во јавниот сектор, 58.000 вработени државни службеници земаат плата од 15.000 до 17.000 денари, сума со која не можат ни да ги покријат основните трошоци за живот, со оглед на тоа дека имаме поскапување на најголемиот дел од производите потребни да преживееме.

Наместо да кажувате дека административните службеници се корумпирани, зголемете им ги платите и конечно направете дигитализација на администрацијата и престанете да вршите притисоци врз нив преку вакви изјави.

Доколку продолжите вака да ги обвинувате административните службеници, наскоро ќе се соочите со нивниот револт кој верувајте нема воопшто добро да се одрази на функционирањето на системот во државата“, се вели во реакцијата на Конфедерацијата на слободните синдикати.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ