Тој ова го изјави во Тетово каде на Универзитетот на Југоисточна Европа се одржа панел-дискусија по повод 20 годишнината од Охридскиот договор.
„Сите настани и денешниот се согласно протоколите и централниот настан во хотелот Александар палас на 13 август ќе биде во сала која собира 1.500 луѓе, а ќе присуствуваат не повеќе од 200 луѓе кои ќе носат маски, ќе бидат со оддалеченост поголема од 1,5 метар еден од друг, мерење на температура пред влезот. Затоа не ја разбирам оваа масовна хистерија по социјални мрежи. Се надевам дека не се однесува на Охридскиот рамковен договор и на неговата имплементација, туку е навистина грижа на сите тие околу здравствените протоколи“, рече вицепремиерот Груби.
Од Комисијата за заштита од заразни боилести велат дека никој не ги прашал за утрешниот собир во Александар пала и дека за тоа треба да се праша Министерството за здравство и Владата.






