Градоначалникот Илија Јованоски во своето обраќање истакна дека и по две
децении, болката заради насилно прекинатите животни патеки е иста како и во тој
злокобен ден.
„Знаеме дека некои нешта едноставно не можеме да ги вратиме, но
најмалку што може да направиме е да го негуваме и да го почитуваме нивното
херојско дело. Поклонувајќи се пред саможртвата на нашите сограѓани, задачата на сите нас, како одговорни граѓани, е да не дозволиме никогаш повеќе да се повтори злото од 2001 година. Факт е дека како народ, одново и одново сме исправени пред нови искушенија и нови битки. Ниедна од нив не смее да не’ поколеба во намерата да ги оствариме стратешките цели кои ги зацртавме пред 30 години, кога избравме да живееме во независна и суверена држава“, рече градоначалникот.






