
наку, Властимир Алексовски е член и активист на СДСМ од општинската организација на партијата од Куманово.
По анализирање на поднесената документација и утврдување дали апликацијата на Алексовски е согласно правилникот и дали ги исполнува пропишаните услови, Централната изборна комисија ќе соопшти дали ја верификувала апликацијата. Оваа процедура, како што велат од СДСМ, се однесува на сите поднесени кандидатури.
Претходно кандидатури за претседател на СДСМ поднесоа Фросина Ременски и Димитар Ковачевски, а актуелниот директор на ТИРЗ, Јован Деспотовски најави дека можеби ќе поднесе кандидатура утре.






