среда, 6 мај 2026

„Европа 21“, иницијатива што ја покренува Кастриот Реџепи, а му ја соопшти на Бујар Османи

Објавено на

часот

Сподели

По средбата со премиерот Зоран Заев, Кастриот Реџепи објави дека имал средба и со шефот на дипломатијата Бујар Османи и соопшти дека соодветно на  неговите последни политички одлуки и активности решил да ја покрене таа иницијатива, според него, многу значајна во пресрет на самитот на Европската Унија.

„Веќе го остварив првиот чекор и по средбата со премиерот Заев, на моја иницијатива имав продуктивна средба со министерот за надворешни работи, Бујар Османи, каде одблиску се запознав со сите процеси од надворешната политика поврзани со европските интеграции на земјава. Како што очекував, добив силна потврда за големиот број активности кои се преземаат и од наша стана, но и од нашите меѓународни пријатели за да се одблокира овој процес и за активностите во кои целосно верувам и поради што ќе го вложам целиот мој политички капацитет“, вели Реџепи.

Во објавата нагласува дека ги повикува како што вели, сите прогресивни сили и дека апелира до пратениците кои ги делат ставовите за европските вредности, а се „во блокада“ од своите политички групации, да му се придружат и да се обединат „за да може нашиот политички став да добие ефективна реализација“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ