Порталот „бне Интелињуз“ потсетува дека напредокот на двете земји сѐ уште е закочен поради бугарското вето за почеток на пристапните преговори со Македонија, воведено од претходната влада на Бугарија која што бараше отстапки од Скопје за билатералните прашања на за јазикот и историјата.
„Интеграцијата на Западен Балкан е процес што ги вклучува сите земји заедно. Мора да кажеме дека интеграцијата на Северна Македонија е исто така многу важна. Но, денеска е прерано да се каже кои се чекорите што ќе ги преземе Италија“, одговорил Драги на прашањето дали се размислува за раздвојување на двете земји, додавајќи дека тој „генерално е оптимист“.
Рама, пак, закочениот напредок на Албанија го опишал како „најголема колатерална штета што може да се замисли“ на спорот меѓу Бугарија и Македонија.
„Јасно е дека процесот на свикување на првата меѓувладина конференција меѓу Албанија и ЕУ или северна Македонија и ЕУ не зависи ниту од Албанија, ниту од Северна Македонија, туку од ветото воведено од Бугарија.
Прашањето за одвојување на Албанија од Северна Македонија е прашање за кое е рано да се разговара, бидејќи имаше избори во Бугарија па треба да почекаме нова влада, нов претседател на Бугарија и да ја видиме позицијата на новата бугарска влада и новото парламентарно мнозинство“, изјавил Рама.
Претходно, холандскиот премиер Марк Руте ги посети и Скопје и Тирана и кажа дека бугарското вето е единствената причина за блокирање на почетокот на пристапните преговори и меѓувладините конференции со двете земји.






