среда, 6 мај 2026

Димитров во Мадрид: Европа само ќе се комплетира со прием на Македонија и регионот

Објавено на

часот

Сподели

„Низ нашиот трнлив пат, ја усовршивме трпеливоста бидејќи причината за одложување на почетокот на пристапните преговори не беше неисполнувањето на Копенхашките критериуми, туку билатерален спор. Вложивме огромен политички капитал на основа на ветувањето од ЕУ, меѓутоа кога ветувањето не е исполнето, довербата станува проблем и ЕУ го губи своето влијание во овој стратешки важен регион. Јасно е дека земјите членки имаат влијание во процесот на пристапување и да ги наметнат своите национални интереси, но дали тоа значи дека можат да поставуваат и услови кои се косат со европските вредности? Главната замка во процесот на пристапување е да стане заложник на билатерални прашања. Најдобар и единствен начин земјите да растат заедно, да станат помудри и позрели во политичка смисла е токму преку европскиот проект“, истакна Димитров, а соопшти неговиот кабинет.

Шпанскиот претставник во Советот за општи работи на ЕУ (ГАК) Хуан Гонзалез Барба кажал дека отворањето на пристапни преговори со Северна Македонија е прашање од итен карактер бидејќи проширувањето на ЕУ подразбира јакнење на Европа и стратешката автономија.

Словенечкиот претставник Гашпер Довжан, кој е председавач со ГАК истакнал дека трансформативната моќ може навистина да направи промена и поради тоа најголемиот ризик е стагнацијата на овој процес, поради што европското досие на Северна Македонија е приоритет за актуелното претседателство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ