
Во изјава за БНТ, тој изјавил дека на вчерашните срдби на македонската владина делегација со бугарскиот државен врв работата на Комисијата најверојатно не била во центарот на вниманието, бидејќи нема напредок, па и нема што да се промени.
„По барање на нашите колеги, следната средба ќе биде дури во октомври. Во Договорот за добрососедство досега ништо не е исполнето, па претпоставувам дека Скопје ќе направи напори да покаже желба за постигнување некаков напредок во други сфери, како на пример инфраструктура и слично“, вели Димитров.
Според него, застојот е неверојатен по сите точки од Договорот, а прашањето за бугарската историја, којашто во Северна Македонија ја сметаат за своја историја, е најболната точка во односите, бидејќи така се оформува менталитетот и културата кои се одразуваат во сите сфери на животот.
„Не гледам како ќе се случи неопходната катарза за историската наука и целото општество ако нема политичка одговорност, но и одговорност на науката за тоа прашање“, додава Димитров.






