среда, 6 мај 2026

Дали Мицкоски сакаше да падне Владата зашто сомнителната продажба на парцели води до него, праша Кузеска

Објавено на

часот

Сподели

„Христијан Мицкоски треба да собере храброст да одговори пред граѓаните точно и директно: каква е неговата поврзаност со скандалот ‘криминални парцели’, бидејќи на површина, во јавноста излегуваат нови докази околу овој скандал и сите водат до Белиот дворец, до поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ и луѓе околу Мицкоски“, рече портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

Таа додаде дека телохранител на Мицкоски, извесен Влатко Илиевски, со еден купопродажен договор, на крајно сомнителен начин продал земјиште од речиси 40.000 метри квадратни во регионот на Делчево. 

„Договорот е вреден неверојатни 500.000 евра. Но, замислете, парцелите кои Илиевски ги продал не ги купил, туку истите како дар ги добил само неколку недели пред да ги продаде“, рече Кузеска и го постави прашањето зошто некој би дал на подарок земја од 40.000 метри квадратни и нагласи дека партијата ги поседува договорите кои, рече, отвораат сомнежи.

Кузеска на новинарите им покажа вкупно пет договори преку кои различни лица на Илиевски му подаруваат земјиште.

„На Илиевски во период од десеттина денови му се подаруваат парцели земјиште со вкупна површина од близу 40.000 метри квадратни. Сите парцели Илиевски потоа ги има продадено. Овие шеми се случуваат пред почеток на изборната кампања, за што предистрага има отоврено и надлежна институција. Сите факти од документите кои што се веќе објавени во јавноста и лесно достапни покажуваат инволвираност на лица кои се поврзани со ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски. Телохранител на Мицкоски, поранешен претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, поранешен советник од ВМРО-ДПМНЕ во општина Делчево, татко на пратеник на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Кузеска.

Таа го постави прашањето дали разликата од препродажбата како црни пари завршиле во приватни џебови или во Белиот дворец за што, нагласи, постојат оправдани сомневања.

„Дали затоа брзаше Мицкоски да ја турне Владата, за да се спаси од овој скандал? За аферата „криминални парцели”, потребна е брза, ефикасна истрага на надлежните институции која ќе ги даде сите одговори и детали и ќе лоцира одговорност“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ