петок, 1 мај 2026

Да се почитуваат препораките дадени заради топлотниот бран

Објавено на

часот

Сподели

Целата територија на нашата држава, како што се посочува во соопштението, ќе биде зафатена со температури од портокалова (алертна) фаза во текот на следните денови почнувајќи од утре до недела.

Од Министерството потенцираат дека треба да се почитуваат следните општи мерки: ослободување од работните обврски на најранливите групи на населението, како што се бремените жени и лицата на возраст над 60 години, установите за згрижување на децата (градинки) да не практикуваат физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот, единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да имаат поактивен пристап и да пружат помош на осамени стари изнемоштени лица и бездомници, а со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавачи на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ