Министерот за надворешни работи Светлан Стоев денеска ги прими амбасадорите на земјите членки на Европската Унија и в.д. шефот на претставништвото на Европската комисија во Бугарија, запознавајќи ги со актуелните случувања по изборите за претседател и потпретседател и Националното собрание на 14 ноември како и со приоритетните бугарски позиции за теми од заедничката европска агенда.
Во однос на почетокот на преговорите за членство на Македонија во ЕУ, беа истакнати напорите направени во последните месеци од Бугарија за решавање на отворените прашања со Скопје. Истовремено, се уште нема напредок во имплементацијата на Договорот за добрососедство, рече министерот Стоев. Тој додаде дека бугарската страна очекува конкретни чекори од соседите за исполнување на обврските, вклучително и откажување од територијалните и малцинските претензии, прекин на говорот на омраза кон Бугарија, промена на учебниците имајќи ја предвид заедничка историјата, гарантирајќи ги правата на граѓаните со бугарска самосвест.
„Не гледаме напредок бидејќи нема политичка волја за решавање на овие прашања“, додаде шефот на бугарската дипломатија. Затоа Бугарија не може да го поддржи одржувањето на првата Меѓувладина конференција со Скопје. Министерот ја потврди постојаната поддршка на Бугарија за Албанија, врз основа на сопствените заслуги.
Последниот самит на ЕУ за оваа година ќе се одржи во Брисел на 14 декември.






