среда, 6 мај 2026

АВМУ бара ГТЦ да не ја попречува работата на новинарите

Објавено на

часот

Сподели

Агенцијата во соопштението нагласува дека истражувачкото новинарство е суштина на новинарската професија и дека е клучно за остварувањето на улогата на медиумите во современите демократии.

„Најважната задача на новинарите е да информираат за актуелните случувања, поради што треба да им се овозможи непречено да известуваат за теми кои се предмет на интерес на јавноста“, порачува АВМУ.

Инаку, на 16 ноември ненадејно беше прекината полициска акција за која медиумите јавија дека е насочена кон откривање на кражба на струја за напојување на компјутерска опрема, т.н. ригови и мајнери, за „копање” на криптовалути.

Сведоци тврдат дека полицијата дури и го забранила влезот на новинарски екипи во магацинските простори на ГТЦ, додека од другиот влез на магацините била изнесувана компјутерската опрема. 

Потоа, обезбедувањето на ГТЦ ги оневозможуваше новинарите кои ја истражуваат темата дали имало или не копање криптовалути.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ