среда, 6 мај 2026

Армијата доби уште 70 подофицери

Објавено на

часот

Сподели

„Не заборавјте кои биле желбите и предизвиците со кои сте се соочувале како војници и искористете ги да бидете подобри лидери и подофицери. Вие и Армијата сте навистина доказ дека работата носи резултати“, им честита Шекеринска.

На тројцата најдобро рангирани Сашко Иванов прворангиран, кој доби и монета, второрангираниот Александар Николовски и Влатко Николовски треторангиран, им беа доделени сертификати.

Иванов во обраќањето нагласи дека пред 90 дена сплотени и еднакви го започнале основниот курс за подофицери и речиси не се познавале, но успеале да изградат тим со кој нашата армија може да се гордее.

Министерката за одбрана се осврна на посетата во вторникот на командантот на Врховната сојузничка команда на НАТО за трансформација, генерал Филип Лавињ, кој споменал еден факт, подвлече, а по повод потпишувањето на заедничката декларација за целосна воена интеграција во НАТО, изјавил дека Северна Македонија го заврши процесот на целосна воена интеграција во НАТО во рекордно краток период, најбрз период што досега се случил во Алијансата.

Во таа насока, Шекеринска информира дека на Црна Гора и требале 26 месеци за да го заврши процесот, на Хрватска 43 месеци, на Албанија 55 месеци од моментот на членство во Алијансата.

„Ние успеавме да го завршиме целиот тој процес како 30 членка на НАТО, во рекорден период од 19 месеци“, рече Шекеринска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ