среда, 6 мај 2026

Апасиев: Опозицијата сега треба да го радикализира дејствувањето

Објавено на

часот

Сподели

Апасиев оцени дека политичката криза денеска само е дополнително продлабочена и дека опозицијата мора да се радикализира, што подразбира и протести и блокади и други методи. Демократијата е во парализа, нагласи лидерот на Левица.

„Мојот став е јасен бидејќи е очигледно дека власта ги користи сите расположливи полуги. Власта примени мексиканско сценарио. Ова е картел, мафија. Претседателот Пендаровски треба сериозно да размисли што се случува во земјава. Пратеник е исчезнат. Снимката покажува многу нешта, мене ми изгледаше како тој пратеник да е пред егзекуција, како на снимки од терористички организации. Ситуацијата е опасна. Јас сум на тој став дека е потребна радикализација на методите на опозицијата. Очигледно е дека власта не заминува ‘милум’. Вака власта може да дојде и до 90 пратеници. Се губи смисла на изборите. Оваа ситуација е неодржлива. Демократијата е парализиарана. Со лидерите на опозцијата треба да се разговара за радикализација“, рече Апасиев.

Тој нагласи дека радикализацијата значи протести, блокади, парализа на Собранието, бидејќи, како што рече, Собранието практично не постои.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ