среда, 6 мај 2026

Американски конгресмени побараа од Бугарија решавање на спорот со Македонија

Објавено на

часот

Сподели

„Се надеваме дека ќе ги ставите разликите настрана и ќе поддржите целосна политичка интеграција на Северна Македонија и Албанија во Европската Унија“, се вели во писмото на двопартиската конгресна група до амбасадорот Стојчев.

Покрај тоа што Северна Македонија и Албанија ги исполнија условите да ги почнат пристапните преговори со Европската Унија, се наведува во писмото, останува спорот меѓу вашата држава и Северна Македонија, што ги спречува Албанија и Северна Македонија да ги почнат тие разговори.

Според конгресмените, натамошното одложување на прогресот на Скопје и  на  Тирана кон ЕУ ќе фрли сомнеж врз заложбите на западните лидери и ќе отвори врата за антизападни политички влијанија во регионот, конкретно од Кина и од Русија.

„Веруваме дека евентуалното членство на Северна Македонија и Албанија во ЕУ е од клучно значење за долгогодишен мир и стабилност на регионот на Западен Балкан и за целата трансатлантска заедница“, се посочува во писмото од американските конгресмени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ