среда, 27 мај 2026

Алтернатива: Му благодариме на Мицкоски за почитта кон Гаши, но сега имаме други планови

Објавено на

часот

Сподели

„Му благодариме на господинот Мицкоски за изразената почит кон претседателот Африм Гаши, но Алтернатива моментално е во еден друг процес кој е во тек, сѐ уште не е завршен. Во овој период немаме причина и не можеме да зборуваме за ништо друго“, се вели во рекацијата на Алтернатива.

Денеска на прес-конференција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски предложи во парламентот, со поддршка од ДУИ, да се соберат најмалку 61 пратенички потпис и да се застане зад предлогот лидерот на Алтернатива Африм Гаши да биде новиот мандатар за состав на Владата, наместо тоа да биде новиот лидер на СДСМ Димитар Ковачевски.

„Со тоа да му овозможиме на Гаши да може да ги реализира и заложбите кои беа причината за одлуката на Алтернатива за влез во Владата, меѓу другото и да ги решава и енергетската и политичката криза”, рече Мицкоски кој притоа демантира дека на вчерашната средба со претседателот на ДУИ Али Ахмети станало збор за ова прашање.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ