среда, 6 мај 2026

Алијанса за Албанците: Режимот потврди дека власта ја чува со закани и уцени

Објавено на

часот

Сподели

Денеска беше денот кога паднаа сите маски, кога се самопотврди режимот. Но, конечно беше делегитимиран хибридниот режим СДСМ-ДУИ, кој има само 59 гласови во Собранието, но и кога еден пратеник го снема под мистериозни околности, велат во соопштението од Алијанса за Албанците.

„Денеска се потврди дека граѓаните и опозицијата имаа право кога инсистираа на рушење на овој режим кој пак, дејствува со антиевропски механизми, а се повикува на ЕУ. Овој режим денеска само потврди на кој начин опстанува на власта; со притисоци, закани и уцени! Но, овој режим нема да опстане и покрај сите акробации што ги прави“, пушува во реакцијата на Алијанса за Албанците.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ