„Пријателството со Соединетите Американски Држави и Европската Унија, но и со земјите од регионот е без алтернатива и неприкосновено под никакви услови и под никакви околности. Денес преовладуваше совеста за заеднички достигнувања, слобода, еднаквост, правда, добрососедство, евроатлантска ориентација на нашата земја и безбедна прозападна иднина.
На нашата земја ѝ треба повеќе безбедност, повеќе стабилност и целосна политичка предвидливост. Негирањето на Охридскиот договор, Договорот од Преспа, добрососедството, но и НАТО, Европската Унија, Република Косово, албанскиот јазик – не може да има место овде. Како што кажав, нема да постапуваме со емоции ниту со еуфорија. Заедно засекогаш и секогаш!“, напиша Ахмети на Фејсбук.






