Новиот закон за локална самоуправа е во собраниска процедура, но потребно е двотретинско и бадентерово мнозинство, кое пратениците на СДСМ и ДУИ не го овозможуваат.
„За жал сѐ уште тој закон е заглавен во рамки на собраниската процедура, пред сѐ заради немање на бадентерово мнозинство. Законот за локална самоуправа е системски закон, кој што се носи со двотретинско и бадентерово мнозинство. Јас се надевам опозицијата ќе се надмине од овој би го рекол политички инат и ова законско решение ќе се донесе конечно во рамки на Собранието. Опозициските партии ДУИ и СДСМ го кочат донесувањето на овој закон“, изјави Перински.
Министерот вели дека законското решение е согласно европската пракса, а најголемата промена предвидува граѓаните да иницираат референдум за отповиквуање на градоначалникот, ако не се задоволни од неговата работа.
„Ова е суштинска реформа заради тоа што сите во политичкиот живот сме заменливи, само за градоначалниците нема никаква законска можност за смена откога ќе станат градоначалници, не постои законска можност да се отповикаат, освен нели ако кривично бидат осудени“, изјави Перински.
Овие измени во законот е прифатени од сите градоначалници. И градоначалникот на Охрид Пецаков вели дека граѓаните мора да имаат референдумска можност за изјаснување за начинот на тоа дали добро ја водите општината или не.
Со новото законско решение за локална самоуправа се предвидува и воведување на општински редарски служби, односно комунална полиција.






