Утврдени се и кандидатурите за општините Гази Баба, актуелниот Бобан Стефковски, за Карпош Сотир Лукровски, од приватнот сектор, за Лозово актуелниот градоначаник Бошко Цветкоски, за Пехчево, актуелниот градоначалник Александар Китански, за Ресен актуелниот Јован Тозиоски, за Зрновци исто така актуелниот градоначалник Борче Коцев.
„Настапуваме со понуда за чесни и некомромитирани вредни кадри за општините и ќе излеземе со јасна визија и програма за развој на секоја општина“, рече Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека на изборите влегуваат како фаворит, а тоа, посочи, значи уште поголема одговорност да направиме повеќе, да работиме домаќински, да градиме општини и да носиме одлуки за важни прашања.
„Како градоначалник на Кисела Вода со својата максимална посветеност, работливост и постојано присуство на терен покажа и докажа дека и умее и сака да работи за граѓаните. Од она што јас можам да го кажам за Орце за периодот во кој го познавам, а го познавам многу долго време, знам дека е исклучително мотивиран најпрвин да победи, а потоа и да победува секој ден и за градот Скопје и за скопјани“, рече Мицкоски.
Тој посочи дека Ѓорѓиевски е отворен, достапен и посветен работник кој решава проблеми, нова енергија каква му е потребна на Скопје, како што истакна, после четиригодишно девастирање и замреност на градот.
Кога сме кај Градот верувајте ги научивме сите лекции за да не погрешиме сега повторно во изборот за прв човек на градот, пред се што Орце е веќе докажен во Кисела Вода и делата што ги направи говорат за него. Сега ќе има нова задача да го развива Скопје, да ја нормализира неговата работа и да го врати на скопјани. Убеден сум дека со задничка работа и со централната власт и Владата за Скопје доаѓаат добри денови, решавање на клучни проблеми за превозот, хигиената, урбаниот хаос. Ќе понудиме програма, но и заедничка работа и визија“, наведе Мицкоски.
Народот, нагласи, сака свој човек за градоначалник, на кого може да се потпре кога му е тешко, кога има проблем и затоа при изборот на кандидатите водевме сметка тие да бидат вистинска поддршка на граѓаните, луѓе кои ќе бидат во служба на својот народ.
„Во изминатите четири годони покажавме дека градоначалниците од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ можат да раководат чесно, без скандали, без афери и со многу работа“, оцени Мицкоски.
Според него, на изборите настапуваат со понуда на чесни и некомпромитирани и вредни кадри затоа што токму тоа и недостигаше на државата и на општините со децении.
„Истовремено ќе излеземе пред граѓаните со јасна визија и програма за развој на општините. Во изминатиот период покажавме дека можеме да ги менуваме работите и тоа во тешки услови, по децениско занемарување и ерозија на институциите“, рече Мицкоски, истакнувајќи дека овојпат гласот на граѓанинот нема да биде само избор, туку сигнал дека промените мора да се случат.
Претходно беа објавени кандидатурите за 33 општини кои владејачката партија ги утврди на седници на Извршниот комитет во мај и во јуни – за Битола, Кавадарци, Охрид, Велес, Штип, Гевгелија, Аеродром, Бутел, Ѓорче Петров, Чучер-Сандево, Свети Николе, Карбинци, Градско, Зелениково, Илинден, Конче, Делчево, Ново Село, Василево, Босилово, Берово, Петровец, Вевчани, Брвеница, Јегуновце, Македонски Брод, Могила, Пробиштип, Богданци, Демир Капија, Росоман, Новаци и Дебарца.