Според неа, голем е интересот за бесплатна вакцинација кај лицата над 65 години и хронично болните, но немало интерес за имунизација кај оние што не влегуваат во ризичните категории.
Со бесплатната вакцинација покрај лицата над 65 години, нагласи дека се опфатени и лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени и деца на возраст од 6 месеци до 5 години.
„Заинтересираните граѓани можат да се пријават преку матичните лекари и ќе добијат соодветен термин. Добро сме организирани, во Струга иминузацијата се врши на два пункта. Апелирам сите што доаѓаат да ги почитуваат термините и во кој пункт се на список, така нема да има чекање во ходникот и можност за пренос на инфекции“, изјави Стурлакова Коровешоска.
Лицата што одат на имунизација препорачува да се здрави, доколку имаат и најмало течење на носот да не брзаат, ќе се имунизираат кога ќе оздрават. Нема да го изгубат редот.
За Струга, како што информира Стурлакова Коровешоска, набавени се 1.000 вакцини против сезонски грип, но доколку има потреба бројката ќе биде зголемена.






