сабота, 16 мај 2026

Обвинителството бара притвор против 45 годишен скопјанец кој ја претепал поранешната партнерка

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје поведе постапка и предложи мерка притвор против 45-годишник осомничен за кривично дело телесна повреда.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираа од јавното обвинителство, осомничениот при семејно насилство во Кисела Вода физички ја повредил неговата поранешна партнерка.

„Ја извлекол на сила од домот во кој живеела жртвата, ја влечел и туркал до неговиот дом во близина, ја внел внатре и физички ја нападнал, удирајќи ја со шлаканици, клоци и со мобилен телефон. На жената и нанел телесни повреди – рани и хематоми по главата и телото“, се наведува во соопштението на Јавното обвинителство.

На осомничениот од страна на судија на претходна постапка претходно му биле определени мерки на претпазливост за насилство извршено кон неговата мајка и снаа за брат.

„Последниот настан укажува дека за кратко време тој ги повторува насилничките дејствија, односно манифестирал насилничко однесување и спрема неговата поранешна партнерка. Во исто време, постои ризик од бегство со цел да избегне кривична одговорност за сторените кривични дела, па јавниот обвинител сега од судот побара да определи најстрога мерка – притвор за осомничениот“, велат од Јавното обвинителство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ