петок, 15 мај 2026

Заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 295.780 граѓани

Објавено на

часот

Сподели

Според податоците на Министерството, 51 процент од населението над 70 години имаат примено барем една доза, 45 отсто од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза, додека 38 проценти од населението на возраст од над 60 години е вакцинирано барем со една доза вакцина.

„Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk, а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп“, соопшти Министерството за здравство.

Министерството апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат за вакцинација, како најлесен и најбрз пат да се вакцинираат против коронавирусот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ