Според податоците на Министерството, 51 процент од населението над 70 години имаат примено барем една доза, 45 отсто од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза, додека 38 проценти од населението на возраст од над 60 години е вакцинирано барем со една доза вакцина.
„Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk, а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп“, соопшти Министерството за здравство.
Министерството апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат за вакцинација, како најлесен и најбрз пат да се вакцинираат против коронавирусот.






