недела, 10 мај 2026

Вчера се вакцинирале 7.720 граѓани, од нив 5.834 со прва доза

Објавено на

часот

Сподели

Според последните податоци, 50% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина,  45% од населението над 65 години е вакцинирано  со барем една доза вакцина и 38% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.  

Од Министерството за здравство додаваат дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 454.104 граѓани. 

Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација, а масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп. 

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ