вторник, 19 мај 2026

Teтовската болница е под силен притисок, болни ќе се праќаат во Скопје, изјави Филипче

Објавено на

часот

Сподели

„Во Тетово има најголем број на приеми во инфективното одделение, како и во модуларната болница – тука се хоспитализирани околу 45 пациенти во изминатите неколку денови, од кои според направените епидемиолошки анкети повеќе од половината присуствувале на прослави и на забави. Освен во Тетово, бројот на новодијагностицирани пациенти се многу високи и во Скопје и во Гостивар, а од вчера и во уште неколку градови во државата – Куманово, Кичево, Кавадарци, Струмица, меѓутоа во овие градови нема притисок во болниците и во амбулантските прегледи и во хоспитализација на тие коишто треба да се примат на болничко лекување“, рече Филипче.

Тој информира дека денеска е направен договор и утврден систем за прием на пациенти коишто треба да се лекуваат болнички, од болницата во Тетово ќе се праќаат во Скопје. За таа цел ќе се отвори вториот кат на Инфективната клиника, најави Филипче.

„Под 10 проценти се пациентите коишто се целосно вакцинирани и тоа се пациенти коишто се во добра здравствена состојба и истите не се во критична состојба. Делта сојот е сој којшто е очигледно доминантен, не само кај нас туку насекаде во регионот и во Европа и за кој е познато и е научно потврдено дека е позаразен за 60-70% во однос на алфа сојот и потоа британски сој. Побрзо се шири и е детектирана поголема количина на вирусот, кај заразените, таканаречен вирусен лоуд во слузокожата од брисевите на пациентите. Дали таа поголема количина на вирус ќе даде и потешка клиничка слика, односно дали пациентите коишто ќе заболат од делта вирус ќе имаат потешка форма на ковид уште не е истражено и за тоа допрва ги чекаме клиничките студии“, рече министерот за здравство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ