сабота, 16 мај 2026

Со прва доза вчера вакцинирани над 12 илјади граѓани

Објавено на

часот

Сподели

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 334.386 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 12.409 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 14.525 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 557.400 дози вакцини, а ревакцинирани се 223.014 граѓани, информира Министерството за здравство.

Со последните бројки 52 проценти од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 49 отсто од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 43 % од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација, велат од Министерството. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk. а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ