„Сертификатот се издава за сите лица кои во последните 9 месеци биле позитивни на САРС-КоВ-2 и се регистрирани како позитивни случаи во Националниот систем. Сертификатот може да се преземе кај матичниот лекар или со најава на страницата vakcinacija.mk. Сертификатот е на македонски и англиски јазик, содржи податоци за лицето (име и презиме, ЕМБГ, ЕЗБО, датум на раѓање, пол) тип на тест, дата на тестирање, дата на позитивен резултат, Здравствена установа (лабораторија) каде што е направено тестирањето, како и баркод. Сертификатот е заверен со дигитален печат на Министерството за здравство“, информира Министерството.
Подготвен е сертификат за лица што прележале ковид-19

ТОП ВЕСТИ





