„Тоа беше неприфатлива реченица, затоа што се согласија да се откажат од нуклеарната програма, а ако имаат нуклеарен материјал во каква било форма, остатокот не ни сакам да го читам“, изјави Трамп, додавајќи дека е незадоволен од „нивото на гаранции“ од Иран, пренесе Си-ен-ен.
Според него, Иран првично се согласил да се откаже од збогатениот ураниум, но потоа се повлекол од таа одлука.
Тој претходно изјави дека би се согласил со опцијата Иран да ја суспендира својата нуклеарна програма во наредните 20 години, но само ако тоа ветување „навистина важи“.
Обраќајќи им се на новинарите во претседателскиот авион Ер форс уан на враќање од Кина, Трамп рече дека „можеби ќе бидат потребни дополнителни чекори“ во однос на Иран, но не прецизираше на што мисли.
Тој додаде дека САД се согласиле на примирје по апел на други земји, пред сè Пакистан.
„Јас не бев за тоа, но сакав да му направам услуга на Пакистан“, рече Трамп.






